Можите да ја наречите како што сакате, не мора да е погача, но како и да е пробајте ја одлична е со чаша јогуртче.
Најпрво се зафаќа квасецот и се остава да надојди. Кога ќе биди готов се замесува со брашното, се додаваат солта и водата (количината на водата од око, самите ќе видите колку ќе треба).
Сите состојки убаво измесете ги и оставете ги да надојдат. Кога тестото ќе надојди земајте помали делчиња и секое сучете го потанко. Врз секое сучено парче прскајте од маслото и ствајте од сирењето. Така се прави со сите кори што ќе ги направите и кога сите ќе ги исучите сечете ги (сечењето направете го како што ви е ќеф). Јас сечев накосо парчиња и искрена да бидам не ми излезе сечењето како што сакав, но битно крајниот резултата(јадењето)беше на задоволнително ниво. Оставете пак да надојди и пред печењето намрсете. Печете на 200 степени околу 35 мин.На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови