18
мај
2014
Растурена мајонез салата
Компирот го ставаме да се вари, исто и јајцата.
Во меѓувреме на ренде ги рендаме посебно шунката, краставичките и кашкавалот. Кога ќе се сварат компирите и јајцата и нив ги рендаме.
Во сад ставаме ред компир, врз него ред шунка, ред краставички, ред кашкавал и ред јајца. Ставаме врз нив мајонез. Постапката пак ја повторуваме додека има од смесата. Можете да украсите со маслинки или магданос, морков.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови