Просо со зеленчук
Предлог за вкусен оброк или прилог со парче месо.
1. Кромидот го чистиме и ситно го сецкаме. На оган ставаме вок тава во која го додаваме маслиното масло да се загрее. Го ставаме кромидот да се пржи неколку минути.
2. Морковите ги чистиме и сечиме на кругови. Ги додаваме во вок тавата. Пржиме. Го додаваме просото претходно измиено со ладна вода и исцедено. Пропржуваме кратко. Додаваме 300 мл жешка вода, мешаниот сув зачин, солта и црниот бибер, промешуваме и покриваме со капак. Оставаме да се вари да средна температура, повремено мешајќи и додавајќи вода.
3. Ќе проверувате дали е сварено просото, јас вкупно додадов 600 мл жешка вода. Кога е сварено и скоро нема вода ги додаваме печурките, претходно испечени во апарат за топол воздух. Ги додаваме и магдоносот и копарот, промешуваме.
Лиценца: Сите права се задржани