Пролетни кремасти кошнички
Во вангличка го ставаме сецканиот путер, пецивото, шеќерот, жолчката,лешниците, двата вида на брашно. Правиме трошки, па месиме. По потреба додаваме само 1 или 2 лажици вода за да добиеме нелепливо тесто. Го покриваме со фолија и го оставаме во фрижидер на 15 минути. Потоа сучиме танка кора и вадиме округли форми кои ги нанесуваме во калапчињата за печење. Ги печеме од 10-13 минути. Ги оставаме да се изладат. Го подготвуваме ванила кремот. Во касерола налеваме млеко, шеќер, прашок за пудинг. Вариме до згуснување. Со повремено мешање го ладиме. Ја матиме слатката павлака ,па ја соединуваме со изладениот пудинг. Со овој крем ги полниме кошничките, ставаме по 1 лажица. Сега го подготвуваме карамел кремот. На тивок оган во една касерола ставаме 100 мл млеко и карамелите. Со повремено промешување чекаме да се растопат, Во останатото млеко го раствораме густинот. Кога веќе карамелите се растопиле ги додаваме путерот, шеќерот и густинот. Вариме до згуснување. Оставаме да се излади со повремено мешање. Ја матиме слатката павлака па ја додаваме на крем карамелот. Вака добиениот крем го ставаме во готварски шприц и ги декорираме по крајот веќе филованите кошнички. Во средината ставаме парчиња јагоди, ливчиња нане и наросуваме по малку крупно мелен фстак. Сервираме во хартиени кошнички, па послужуваме. Уживаме во прекрасниот вкус.