За приготвување на ориз на кој ќе му се одделува зрното, според моето искуство најбитна е температурата на која се подготвува, а и видот, сортата на оризот. Најдобар резултат добивам со басмати оризот.
Најпрво на малку загреано масло, пропржете го ситно исечканиот кромид и ставете го оризот и тој да се пропржи. Потоа ако додавате морков, грашок или некој друг зеленчук, ставете го и малку издинстајте го. Турете ја водата и температурата на ринглата намалете ја, кај мене е со 12 единици, јас ја ставам на 3. Покриете го тенџерето со капак, ако имате такво со стаклен капак најдобро е затоа што ќе гледате до каде е со варењето.
Оставете го така да се вари на тивко се додека ја снема водата, потоа отворете го и оставете го на оган уште малку, а сега можете и да го промешате.
Готово, на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани