Истолчете го лененото семе и врз него истурете ја шолјата со врела вода. Откако ќе го направите ова, ставете ја смесата во фрижидер. Гелот од ленено семе е замена за јајце.
Изладениот гел од ленено семе ставете го заедно со спанаќот во блендер и изблендајте ги, додавајки ги брашното и прашокот за печење. Можете да додадете лук во прав или сол за вкус и смесата е готова.
Оваа смеса е за 10 - 12 палачинки со големина како на сликите. Се прават на слаб оган за да се задржи зелената боја.
Се комбинираат со домати, краставички и зелена салата.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови