Црните патлиџани зготвени на овој начин најповеќе ми се допаѓаат. Во периодот кога има црни патлиџани многу често се присутни на мојата трпеза.
Патлиџаните се сечат по должина на два еднакви делови. Се издлабуваат во внатрешноста од мекиот дел со помош на лажиче да изгледаат како чун.
Врз патлиџаните се цеди сок од половина лимон, убаво да си примат. Во тава на рингла загреваме 3 лажици маслиново масло и малку од белото вино и кратко ги пропржуваме колку да омекнат. Парчињата ги редиме во голем плех подобро е да е малку подлабок.
Смеса за полнење
Внатрешниот дел од патлиџаните се сецка ситно на коцки. Во тавата во која ги пржевме патлиџаните го запржуваме кромидот, ги додаваме насецканите коцки од патлиџанот и да се пропржи за убаво да омекнат. Се додава меленото месо и се пржи. Се додава преостанатото бело вино и се остава малку да издинста. Кога веќе течноста ќе испари и ќе биде густо и убаво пржено се додаваат зачините, црвената пипер, лукот,сол, мешан зачин и добро да се измеша. Тавата се трга од оган и се додаваат жолчките и се меша.
Со оваа смеса се полнат патлиџаните и одозгора се ренда сирењето. Во плехот во кој се печат може да се стави малку масло и бело вино или 100 мл вода. Се печи во рерна 30 минути на 180 С.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови