Полнети тиквички со сос
Нашиот омилен ручек.
Најпрво тиквичките се лупат и во зависност од големината се делат на по 3 парчиња.
Секое парче со помош на алатка ( или со лажиче) за длабење им се вади внатрешноста.
На загреано масло се пропржуваат кромидот, се додава морковот, па месото.
Се пржи на тивко па се додава измиениот исцеден ориз и зачините.
Убаво се промешува и се додава сецканиот магдонос.
Со овој фил се полната тиквичките.
Се покриваат со парченца црвен домат.
Се редат во пекач или земјена тава се налива оклу 200 мл вода и се печат во загреана релна околу 1 час.
Во една касерола се става путерот да се растопи и може да се додаде и некоја капка масло.
Се додава брашното и се запржува 1-2 минути.
На страна се матат јајцата, се додаваат јогуртот и млекото, се додаваат зачините и убаво се промешува.
Оваа смеса се истура во касеролата и се вари на тивко, да згусне, не смее да проврие.
Се сервираат тиквичките со овој прекрасен сос.
Памтам баба ми ги потопуваше тиквичките во вода во која има растворено малку лимонтус, да се убие нивниот неутрален вкус, па после ги потпекуваше со изматени јајца и кисело млеко.
Нас оваа варијанта со сос ни е фантастична.
Лиценца: Сите права се задржани
ne treba da postoi PUIESKI GRADITER, sigurno e nekoja greska, ne znam ni sto znaci toa