Квасецот растворете го во топлото млеко, додајте го шеќерот и малку брашно и оставете го на топло да се активира. Потоа од брашното, салото, 1 јајце и 1 белка, солта, замесете тесто кое пак ќе го оставите на топло да се зголеми двојно.
Тестото поделете го на 9 дела. Тепсијата во која ќе печете премачкајте ја со маргарин. На средина ставете едно подлабоко тањирче (како за таратур, сутлијач) и преку него ставете коричка која сте ја расукале од едното парче. Останатите 8 парчиња, формирајте ги како топчиња и наредете ги околу.
Коричката која е врз тањирчето, исечете ја на 8 дела и секој дел префрлете го преку топчето. Извадете го тањирчето. оставете ја погачата на топло да се дуплира. Потоа премачкајте ја со жолчката во која ќе ставите 1 лажиче вода и украсете ја со семки.
Печете ја на 200 степени петнаесетина минути, потоа намалете ја температурата на 150, покријте ја погачата со фолија да не ви изгори и допечете ја.
Оваа погача на сликата е од 1 и 1/2 доза, правена за веридба, па требаше да биде поголема и печена во тепсија бр. 32.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови