19
мар
2014
Пица што не се меси
Во длабок сад ги ставаме брашното, квасецот, водата, солта и шеќерот. Сето ова го мешаме со дрвена лажица и го оставаме да отстои 15 мин.
После 15 мин повторно го мешаме и го оставаме да отстои. Постапката ја повторуваме 2 пати.
Во намрсена тава со број 30 го истураме тестото и го мачкаме со доматно пире или кечап.
Потоа ставаме од ренданата салама, па кашкавал и од ситно исецканите краставички и маслинки.
На сето тоа наросуваме сусам и ставаме да се пече на температура од 180 степени.
Печеме околу 25 мин.
Нема некој што не сака пица а ова е навистина вкусна пица.....пробајте.......ДОБАР АПЕТИТ!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Вкусно во секој случај :)