25
дек
2019
Пита со спанаќ и сирење
Овие состојки се за 2 пити поголеми или 3 помали.
Во просеано брашно ставете квасец, сол, шеќер, додавајќи топла вода замесете тесто. Премачкајте го со зејтин и оставете да стаса.
Спанаќот испржете го со кромид, додајте дробено сирење. Нема потреба за сол сирењето е солено. Ако не е солено подсолете го.
Од стасаното тесто направете пити, краеви завиткајте ги, ставете внатре спанаќ со сирење и печете во загреана рерна на 250 степени околу 30 минути. На крај скршете едно јајце и подпечете уште малку.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани