
Пире со сос
Компирите исзлупете ги и исечете ги на 4 и ставете ги во зачинета вода со малку зејтин да се варат.Кога ќе се сварат изгмечете ги во пире додадете малку од водата во која се вареле и малку млеко но не го правете премногу ретко оставете го погусто .
Во тава на оган ставете го кромидот ситно исецкан и изренданиот морков малку да се запржат со малку зејтин и додадете го меленото месо.Измешајте го убаво и оставете го да се пропржи 5мин.Потоа додадете го доматното пире зачинете го по вкус и оставете да се динста.Додадете му една чаша вода и динстајте половина час (додека да биде готово месото).додадете две лажици од пирето промешајте убаво да се соедини.
Послужување-во тањир прво ставете од пирето а одозгора ставете од сосот.
добар апетит.
Ако немате време да правите домашно пире може да заврши работа и инстант пире само погусто да е сварено.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови