1. Земаме тава, било каква и ја премачкуваме со маргарин. Во меѓувреме ја пуштаме рерната на 220 степени убаво да се загрее.
2. Пилешкиот стек го сецкаме на покрупни парчиња, потоа го зачинуваме со сол, бибер, магдонос, оригано, мешан сув зачин, 1 супена лажица лут сос и 4цл вино. Зачинетото пилешко го оставаме да 5 мин. да отстои, додека рерната ни се загрее убаво.
Во меѓувреме печурките ги цедиме од кесичката и ги пропржуваме малце ( доколку сакате). Тавата со зачинетото пилешко го ставаме во рерна околу 20 мин.
3. Ја вадиме тавата го додаваме ситно сецканиот леб зачинет со мешан зачин, го додаваме кечапот, ренданиот кашкавал и печурките ( живи или пржени).
4. Тавата ја враќаме повторно во рерната ( рерната може да се исклучи), оставаме уште 10-15 мин, одозгора може да додадете уште малку кашкавал.
5. Откако пилешкото со печурки во тава ќе биде готово оставете малце да се олади, потоа сервирајте.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови