Паста со божиќни бои
Еве мој предлог за празничен изглед на едноставно јадење.
Подготовка:
1. Во чашата на нутрибулет ги ставаме излупената главичка цвекло и околу 200мл вода. Соединуваме.
Jас ja процедив, да добијам само црвена течност, но не е грешка ако тестенината ја вариме со парченцата цвекло.
2. Течноста ја ставаме во тенџере и дополнуваме со вода колку што ни е потребно. Додаваме сол.
Штом почне да врие ги додаваме тестенините. Нека варат 7,8 минути, а една минута пред крај ги додаваме и цветовите брокула.
3. Во тавче ставаме масло, па сецкано кромитче, пиперка, чајни стапчиња. Запржуваме 3,4 минути.
4. Сварената тестенина ја процедуваме. Ја соединуваме со др состојки. Додаваме маслинки, трошки сирење и сервираме во длабок сад.
Послужуваме топло.
Лиценца: Сите права се задржани