Палента торта со спанаќ и сончоглед
1. Јајцата се матат со миксер и во нив се додаваат (постепено и мешајќи со миксерот) масло, млеко, сол, брашно измешано со прашок за печиво, минерална вода и на крај палентата. Се меша со миксер додека не се добие хомогена смеса.
2. Спанаќот се обарува кратко (додека не омекне), а потоа се додава во смесата и кратко се меша со миксер за да се соеднини со добиената смеса.
3. На крај се додаваат ренданото сирење и сончогледот и се меша со лажица или шпатула.
4. Плехот се премачкува со масло, се наросува малку брашно по површината и внатре се става смесата.
5. Врз неа се наросува сусам и ленено семе по желба и се пече 35-40 минути на 180 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
Ако можеш Чало пиши ја мерката на чашата:)