Верни на оригиналот во вкусот, иако можеби на изглед не до толку, но како и да е големо задоволство ми беше кога моите дома (нормално и јас) ги пробаа и првиот коментар им беше дека се потполно исти како купечките. Морам да напоменам дека експириментирав со состојките, и дека рецептот е потполно по мој начин составен, за на крај да добијам неодоливо вкусни грицки кои особено добро одговараат со ладно пивце и супер друштво.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме сувите состојки (двата вида на брашно, квасецот и солта) промешуваме до хомогенизирање. Сега го додаваме маслото, па водата. Замесуваме тесто, кое по структура е полутврдо.
2. Го додаваме и кимот, месиме додека да се соедини убаво во тестото, а потоа тестото доработете го на работната површина.
3. Добро измесеното тесто го делиме на неколку топчиња, од кои формираме долги тенки валјаци. Потоа сечете ги цик-цак прижближно да ви бидат еднаква величина сите квики, со помош на чиста ножица, директно во плехот во кој ќе печеме, во кој имаме ставено хартија за печење. Одозгора посолуваме и нежно промешуваме со рацете.
4. Печеме во загреана рерна на 200 степени 10-тина минути, потоа извадете ги, протресете ги, малку промешајте ги, по 5 минути пак промешајте и пробајте дали се готови (јас печев околу пола час, но сепак проверувајте ги од време на време за да не ви подгорат).

Забелешка - По желба на сопругот, во пола од тестото додадов 1 м.л. лут црвен пипер, но сепак доколку сакате да го добиете оригиналниот вкус на квиките тогаш се користи само зачинот ким. Во тестото секако дека може да ставите и сусам или некои други зачини по ваш вкус.
Тестото не треба да се остава да стасува.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани