Округли суви колачиња
Рецептот го видов во книга со 500 рецепти на суви колачиња. Првичната идеја беше да ги направиме и да ги однесеме во теглички на Оги и Дамјана наместо чоколадо, ама толку убаво мирисаа кога се печеа па покрај моиве мали терминатори за благо останаа многу малку. Толку многу се убави што буквално сакаш да не ги делиш =). Подготовката е следна
1.Во подлабок сад за матење ставете го путерот ( кој претходно стоел на собна температура), додајте го шеќерот, ликерот од лешници и екстрактот од ванила. Измиксирајте додека путерот да стане пенест и постепено додајте го брашното прстофат сол и крупно мелените лешници. Додајте го изренданото чоколадо. Со рака замесете тесто. Завиткајте го во најлонска фолија и оставете го околу половина час во фрижидер да стегне за полесно да ги обликувате колачињата.
2. Од изладеното тесто земајте мали парченца и формирајте топчиња со големина на орев. Благо притиснете го топчето во плехот во кој ќе ги печете. оставајте повеќе простор помеѓу колачињата зосто нараснуваат. Убаво е кога ги правите да се потенки зошто се така покрцкави и поубави. Со прст или соодветна алатка врз секое колаче, во средината направете вдлабнатинка, во која на крај ќе ставите растопено чоколадо.
3. Печете ги колачињата во загреана рерна 170-180 степени 15 минути. Оставете ги да се изладат. Растопете го остатокот од чоколадото и во секоја од вдлабнатините на колачињата со мала лажичка ставете по малку растопено чоколадо. Ако имате украсете ги со шарени, чоколадни трошки, листови од бадеми или само наросете со шеќер во прав. Супер изгледаат како подарок спакувани во убава декоративна тегличка.
п.с Најбитно од се ...убаво им се израдуваа тие мили очиња кога им ги однесов.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови