Ова е еден од моите омилени рецепти кој верувам и вам ќе ви се допадне.
Одлични се за секоја пригода, мноогу се вкусни и брзи за подготовка.

Брашното, путерот, шеќерот во прав, кората од лимон и малку сок од лимон се мешаат заедно да се направи тесто.
Тестото се реди во мали калапчиња за тарт во тенок слој.
Се ставаат во рерна да се печат на 180 степени 15 мин.

Во меѓувреме се прави смесата за пудинг.
Се загрева млекото, се додава кесичката со пудинг која предходно сме ја растопиле во малку млекце на страна. Се додава шеќерот и ликерот.

Калапчињата се вадат од рерна и се оставаат да изладат.
Во посебен сад се дели пудингот на два дела и се додава прехрамбена боја по желба.
Калапите се полнат со пудинг рамномерно.

Се декорираат по желба.
Јас ги декорирав со овошје комбинација од јаготки, аронија и боровинки наросени со чоколадни трошки.

Добар апетит.

Предлог
Можете да го направите и со чококаден пудинг и да го декорирате со ореви и кокос.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани