Превкусни колаченца, сосема малку благи, совршени за со кафе, чај или да им ги утрапите на пилиштарците малку да одморат од зборување =)).
Брзи за подготовка, од мојот омилен тип на колачи што ги нарекувам *нема шанси да ги утнеш* =))
Рецептот е од книгата на Делимано за колачиња.

Сите состојки ставете ги во сад и замесете убаво тесто. Ставете го во фрижидер да одстои 1 час.
Рассукајте кора со дебелина од 05. - 1 см и вадете форми по желба.
Редете ги на масна хартија во тавче и печете ги на 200 степени околку 15 мин.

Додека се топли валкајте ги во шеќер во прав.

Доколку користите Делимано тави за печење, нема потреба од масна хартија. Нема шанси да се залепат.
Јас тестото не го оставив во фрижидер. Заборавив =)
Во шеќерот во прав можете да додадете арома на ванила за подобар шмек. Јас бидејки сама го правам шеќерот во прав, додавам 2-3 кесенца ванилин шеќер.
Стојат долго време убаво запакувани во кутија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани