1. Сите состојки добро се измесуваат во вангличе додека смесата добро
не се изедначи.
2. Со рака се зема од смесата и се прават топчиња, јас за полесно ги вадев со
мала кутлача за да бидат приближно исти по големина.
Топчињата треба внимателно да се формираат бидејќи смесата е малку ронлива,
но сепак кога ќе се испечат се цврсти.
3. Се редат во плех на пек хартија и се печат на 200 степени околу 30 минути.
Се ладат добро и по желба се брбелаат во шеќер во прав или се посолуваат со кокос и цимет.
Напомена - највкусни се после два три дена откако ќе отстојат и се ронат како да се правени со свинска маст.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани