Подготовка:

1. Во мал сад на тивок оган ги соединуваме путерот и маслото. Корите ги отвораме од паковањето и ги покриваме со влажна крпа. Само колку малку да омекнат, не смеат да бидат влажни, глекави. Доволно е да се покриени по 1,2 минути додека формираме едно ролатче.
2. Земаме прва кора, со четка ја премачкуваме со маснотија танко, и врз неа ставаме втора кора. И неа танко ја премачкуваме. Расфрламе од оревите во кој има додадено цимет. Сега на почеток на кората ставаме танко сукало и така заедно виткаме ролат. Внимателно од двете страни го набираме. Го тргаме сукалото и ролатот го ставаме во танко намастен плех. Постапката е иста со целиот материјал. Со остар нож сечиме на парчиња.
3. Печиме околу 45 минути на 160, 170 степени. Испечената баклава ја оставаме да се излади скоро, па ја прелеваме со топлиот шербет. За шербет на оган се ставаат да зовријат водата и шеќерот, околу 5 минути да врие и пред крај се додава рендана кора и кришки лимон После 6,7 часа може баклавата да се послужи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани