Подготовка:

1. Во кацерола на оган запржете го ситно сецканиот кромид, а потоа додајте го меленото месо.
Пржете добро нека се зарумени. Излупете ги и измијте ги компирите исецкајте на тркалца, а потоа и тиквицата исецкајте ја на кругови.
2. Во сад со 300 мл вода разматете го сосот со оригано за мусаката, а потоа додајте го во меленото месо. Мешајте добро. Постепено додавајте ги компирите и тиквиците, промешајте добро, а потоа префрлете ја цела смеса во една тава каде ќе печете.
3. Печете додека не омекне зеленчукот. Исклучете ја рерната. Пред крајот попрскајте ситно мелен пармезан и рендана гауда. Оставете ја тавата во исклучена рерна, нека се растопи кашкавалот.
Служете топло.
На здравје да ви е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови