Често пати го приготвувам ова топло мезе. Брзо се прави и е превкусно. Најдобро оди во комбинација со црвено вино.
1. За подготовка на фурнаринки
Ова е можеби, најдобрата опција, која сум ја открила, како замена за фурнаринките. Се прави многу брзо, а лепчињата се превкусни. Вака приготвените лепчиња, може да одат и во комбинација со скара. Кришките леб, ги сечете по желба. Јас моите ги правев долгнавести. Потоа, ги редите на плех, обложен со хартија. Во помал сад, го соединувате рузмаринот, со лукчето и тука го додавате маслиновото масло, па се заедно малку толчите, колку да се испуштат мирисите. Потоа, со ова масло, од двете страни ги премачкувате лепчињата. Наросувате исто од двете страни зачини и лепчето го ставате во претходно загреана рерна, да се запечи околу 7 до 10 минути, на 200 степени, или додека не се сцврсти.
2. Топено сирење
Во огноотпорен или глинен сад, најпрво на дното додадете две три лажици бешамел сос. Потоа врз него, ставете од шунката, печурките, листовите ајдамер, па премачкајте со доматно пире. Повторно повторете ја постапката низ слоеви, се додека не ги потрошите состојките, но од горе, на крајот, завршете со бешамел сос. Врз сосот, сега обилно нарендајте од овчијот кашкавал, па наросете сусам. Затворете го со алу- фолија или капак садот, па печете го 15тина минути на 190 степени. Потоа, извадете ја фолијата и запечете уште 15тина минути, или додека не се формира коричка од горе.
Наместо бешамел сос, можете и да користите готова павлака за готвење.
Сервирајте го топло ова мезе и уживајте во прекрасниот мирис и вкус!