Овој убав медитерански багет го пробав многу одамна кај мои пријатели и навистина ме воодушеви. Сликава не ми е најдобра зашто доцна се сетив да сликам, веќе беше половина изедено. Битно има една визија како изгледа.
Лепчето багетче исечете го и ставете го во тост малку да стане крцкаво.
Поминете го со лукчето, нека прими малку сок.
По вкус намачкајте го со вашето омилен крем сирење.
Јас ставив минимално во средината на багетчето.
Во сад на страна исцедете неколку лажици сок од лимон и помешајте го со кавијарот.
Кавијарот полека нанесете го врз парчето багетче.
Декорирајте со парченца лимета и лимон.
Јас ги декорирав на мешана даска со зеленчук и риба.
На здравје да ви е.
Забелешка
Можете да зачините со копар или да украсите со него. Тој одлично се вклопува со закуската.
Јас имам слики од лепче багетче, но можете да користите лепче за тост или пак ако немате во моментот никакво, тогаш искористете соленки кои може да ги пределите на кругови.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови