Феноменални мафини кои се спремаат за многу кратко време, пред се здрави и многу, многу вкусни, идеални за доручек. Подготовката е следна.

1. Просото залејте го со малку вода и оставете го да отстои околу еден час.
2. Исцедете го и повторно налејте 2 чаши вода. Ставете го тенџерето на оган да проврие околу 2 мин. Оставете го просото да се излади и со ладењето постепено ќе ја впие целата вода.
3. Во друг длабок сад разматете ги пенесто јајцата со лажичка сол. Додадете и масло и пециво. Убаво промешајте и постепено додавајте го изладеното варено просо..
4. Ако печете во тефлонски калап убаво со малку путер намачкајте ги длабнатините на калапот. Во силиконските калапи не е потребно. Ставете од смесата во дупчињата и врз секое мафинче ставете парченце чадена сланина. Печете во фагреана рерна на 200 степени , додека не заруменат (околу 15-тина мин)
На здравје

Позајмено за просото.
Просото е здрава житарка, богата со минерали, пред се со фосфор, магнезиум и витамин Б. Лесно се одгледува и не бара некои посебни услови, затоа и има пристапна цена. Има повеќе врсти ( за кои јас прв пат прочитав), обично просо, мухар и светло семе. Просото исто е богато со билни протеини и салицилна киселина. Поради тоа одлично делува на ноктите, кожата, косата и забите. И што е најбитно не содржи глутен

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови