Леќа како леќа, скоро секој ја прави, а ова е мојот начин на кој ја подготвувам.

1. Исчистената и измиена леќа ја ставаме во мало тенџере, ставаме вода и оставаме да зоврие 2-3 минути, ја истураме внимателно жешката вода, налеваме нова вода и чекаме да зоврие повторно.
2. Штом зоврие водата, во тенџерето ставаме 1 морков исечкан на кругови, а цели ги ставаме другите 2 моркови, кромидот и лукот.
3. По 10-тина минути варење во чашата од нутрибулетот ги вадиме 2-та цели моркови, лукчињата и кромидот, ставаме млака вода од око, и 1 лажица царевно брашно, блендираме и ова го враќаме во тенџерето со леќата.
4. Ставаме сол, вариме уште малку време и зависно, колку сакаме да ни е густа леќат, ставаме или не уште вода. Пред крај ја ставаме запршката.

- Забелешка
* Исто како и кога варам грав, и на леќата и ја истурам првата вода поради варењето и создавањето гасови.
* Брашното или го растворам во ладна вода или го блендирам како погоре што е наведено, бидејќи така е покорисно, и никогаш не го запржувам во маслото и црвениот пипер.

(525)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани