Летна торта од палачинки и кисела павлака
Прекрасно предјадење или лесна вечера. Прво ги соединуваме сите состојки за палачинки. Го оставаме тестото да одмори 15 минути и на стандарден начин ги пржиме палачинките. Ги оставаме да се изладат. Во киселата павлака ставаме малку бибер, некој зачин по вкус( власец, мелен ким...) го додаваме мајонезот и промешуваме. На чинија ставаме една палачинка, ја премачкуваме со киселата павлака и рендаме кашкавал. Врз него ставаме повторно палачинка, ја премачкуваме со киселата павлака, па рендаме шунка. Повторно палачинка.... и така наизменично, се додека не го потрошиме целиот материјал. Кога сме ја направиле цела торта, нежно ја притискаме со рацете, да излезат меурчињата воздух до колку ги има и убаво да се залепат деловите. Со кисела павлака ја премачкуваме цела торта, рендаме кашкавал и ја декорираме по сопствен вкус.Ја чуваме во фрижидер 2 часа до служење, па ја сечеме и сервираме.