Лесен чијабата леб без месење
Овој леб е еден од најдобрите кои сум ги направила. А не се измачив ама баш ич. Лесно се прави, не се меси, само се обликува со рацете, превкусен е, мек, миризлив, само следете ја постапката. Лебот е одличен и за почетници и за искусни.
Подготовка
Прво растворете го квасецот во топлата вода заедно со шеќерот.
Откако ќе се растопи, додадете ги останатите состојки и мешајте со лажица. Измешајте убаво, ќе добиете многу меко и лепливо тесто. Покријте го со најлон фолија и оставете го на топло место да нарастува минимум еден час. Колку повеќе стои, толку повеќе ќе се направат дупки во тестото.
Откако ќе нарасти, работната површина набрашнете ја убаво и истурете го тестото врз брашното. И одозгора убаво набрашнете го тестото и ставете малку и на дланките. Поделете го тестото на 2 дела. Работете внимателно без притисок. Потоа двата дела нежно со дланките оформете ги во долги векни леб и навртете ги спирално.
Префрлете ги векните врз тавата во која ќе печете и оставете ги уште 30тина минути покриени. Печев во плитката тава од икс икс ел Делимано ростер сетот, нема подобар за печење тесто.
Потоа, ставете ги да се печат на максимална температура околу 10 минути, потоа намалете ја јачината на 190 степени и печете уште 20тина минути.
После печење, оставете го лебот покриен со крпа околу половина час пред да почнете да го консумирате.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Само ставам сув квасец и 1,5 лажичка сол со 1,5 лажичка шеќер..малку посолен го сакаме.
Еве го денешниот...