29
сеп
2020
Лепчиња за хот дог
Јајцата, квацецот и шеќерот се додаваат во водата и се мешаат. Се додава брашното и почнува да се меси, потоа се додаваат путерот и солта. Се меси десетина минути, се покрива со фолија и се остава да стасува околу 60 минути. Се размесува и повторно се остава да стасува 30 минути. Разделете го тестото на парчиња од 80гр, формирајте ги во добро познатата форма на хот дог, ставете ги во тава за печење обложена со хартија за печење и оставете ги да стасуваат околу 60 минути. Премачкајте ги со белка од јајце и вода и печете ги во загреана рерна на 190 степени околу 20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани