Крем супа (со зеленчук и печурки)
Здрава, домашно приготвена крем супа, идеална за претстојните есенски денови. Направете ја и вие и уживајте во нејзиниот кремаст вкус.
Подготовка
1. Најпрво го миеме зеленчукот, потоа кромидот и морковот ги лупиме и сецкаме ситно (јас во сецкото), а пиперките ги сецкаме на лентички, па на коцкички. Печурките ги лупиме и сецкаме на потенки ленти.
2. Сега во тенџере го ставаме путерот и маслото да се загреат. Ги додаваме кромидот и морковот пропржуваме 1-2 минути да омекнат.
3. Сега ги додаваме печурките, и нив ги пропржуваме околу 5 минути.
4. Потоа ги додаваме зелената и црвената пиперка, па брашното. Промешуваме и ја додаваме водата, па млекото.
5. На средна температура нека зоврие крем супата, со повремено промешување. Нека врие така 5 минути. На самиот крај посолуваме, ги додаваме црниот бибер, мешаниот сув зачин и магдоносот.
6. Послужуваме топло.
Забелешка - количината на вода доколку сакате зголемете ја или намалете ја, нам ни беше одлична со наведените количини.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани