Кремаста лешник торта
Прво лешниците ги потпекуваме. Во една вангличка ставме три белки. Ги матиме во цврст шам. Постепено додаваме 3 лажици шеќер.Со исклучен миксер додавме 1 лажица брашно, 3 лажици мелен лешник, 1/2 лажиче пециво. Лесно соединуваме. Ја ставаме смесата во тава бр 24 , во која има ставано хартија за печење. Печеме околу 15 минути на 180 с. На ваков начин правиме уште 2 исти теста. Оставме да се изладат. Во еден сад со миксер кратко ги соединуваме жолчките со шеќерот. Во касерола налеваме млеко, додаваме брашно, промешуваме, убаво да нема грутчиња и ја додаваме смесата со жолчки. На многу тивок оган, околу 20 минути го вариме кремот да се згусне. Од кога е готов го тргаме од оган. Во еден сад го матиме путерот. Повремено го промешуваме филот за да не фати коричка. Го додаваме изматениот путер со постојано матење со миксер. Млакиот крем го делиме на два дела. Во едниот го ставаме растопеното бело чоколадо, а во другиот го ставаме растопеното црно чоколадо. Во тањир за сервирање поставуваме обрач бр 24. Го ставаме првото тесто. Нанесуваме кафен фил. Израмнуваме. Ставаме жолт фил. Израмнуваме. Ставаме тесто, па кафен фил, па жолт фил, па тесто, кафен фил, жолт фил. Декорираме по желба и оставаме во фрижидер 2 часа да се стегне тортата. Го одстрануваме обрачот, сечеме на парчиња и послужуваме. Во секој случај, тортата е многу кремаста и вкусна.