Без јајца, без брашно и без додаток на шеќер. Идеална ужинка за вас со шолја кафе или за вашите најмили

Подготовка:

1. Јаболката ги сечиме на мали коцки. Ги ставаме во сад на оган, ги додаваме водата и циметот. Вариме на средна температура 5-10 минути, малку да омекнат јаболката.
2. Во мал длабок сад ги ставаме лененото семе и водата, промешуваме. Оставаме да стои 5 минути.
Овесните снегулки во блендер ги блендираме да се иситнат.
3. Го тргаме садот од оган во кој се јаболката. Во него го додаваме лененото семе, медот, оревите, овесните снегулки и пецивото. Мешаме.
4. Смесата ја ставаме во округол калап со дијаметар од 20цм, претходно обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 180 степени околу 35 минути. Оставаме да се излади. Колачот го премачкуваме со стопено темно чоколадо со 70% какао. Одозгора ставаме и мелени ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани