Колач - куглоф со слатко
Разматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додека се изедначат, па додадете го млекото, брашното и пецивото, постепено, при тоа не престанувајќи со матење. На крај чоколадото исецкајте го на покрупни коцки и промешајте со лажица. Во подмачкан куглов (може и во тава) ставете пола од смесата и ставете во загреана рерна да се запече малку, додека да фати тенка коричка одозгора. Извадете го кугловот од рерна и врз потпеченото тесто ставете неколку лажици слатко од шипка, ама не размачкувајте, туку само така ставете го, (за да добиете прозорчиња кога ќе сечете). Врз слаткото, ставете го останатиот фил и пак вратете го кугловот во рерна. Печете на умерена 180 степени околу 45 минути. Готовиот колач покријте го со кујнска крпа и оставете да се олади. Потоа по желба, може да го прелиете со растопена чоколада. Сечете покрупни парчиња и не оставајте за утре =) На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови