Овие кнедли кога и да ги правам дел ги користам наместо леб, а во дел од нив ставам овошје.
 
1. Квасецот, шеќерот и топлото млеко измешајте ги и оставете да одстои 10 мин. За тоа време тој стаса.
2. Во садот во кој ќе месите ставете го брашното, додадете солта, лесно сматеното јајце - истурете во него стасаниот квасец, замесете тесто кое ќе го оставите да стасува, да го удвои обемот.
3. Стасаното тесто размесето го, формирајте топка и исечете на 8 еднакви дела. Од секој дел формирајте ги кнедлите. Оставете покриени на побрашнета површина нека стасуваат уште околу 20 мин.
4. Ставете во тенџере со сип сад (решетка) да зоврие вода која треба да биде под решетката, да не се допираат водата и решетката. Ставете во садот кнедлите и нека варат на пареата поклопени 15 мин. и за тоа време не го подигајте капакот.

Напомена
Овие кнедли кога се користат како леб се служат со печење во сос, се ужива кога се топи во сосчето и се јаде. 
Можете да формирате и како мали векни. Се сечат со конец, не со нож.
Кој нема тенџере за да готви на пареа има начин како да се спремаат. Врз тенџерето врзете околу рачките цврсто газа, наредете ги кнедлите и поклопете. 
Можете во тестото кога ќе ги формирате кнедлите да ставите овошје, некој мармалад, слатко... Послужете со ванила крем или некој друг вид на крем, обавезно посипани со шеќер во прав. До нив можете слободно да ставите некој овошен сос и шлаг.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани