Интегрални мини-палачинки
Овие интегрални палачинки ги направив според моја импровизација и испаднаа навистина превкусни и здрави. Постапката е многу лесна.
1. Подготовка на смесата за палачинки - во подлабок сад се става газирана вода за почеток една чаша од 200 мл. (може и млеко), се додаваат двете јајца и се мати со миксер и полека се додава брашното и се мати додека не дојде погуста смеса од прилика како густ јогурт и се додаваат семињата (лененото семе, чиа, афион, ким и сол по вкус).
2. Се сече долниот дел на кромидот и го ставаме во длабок сад каде што претходно го ставаме маслото и со кромидот ја премачкуваме тавата за палачинки. Ја ставаме на оган и чекаме да се загрее маслото кога ќе се загрее со длабока лажица тураме од смесата за палачинки, но притоа внимаваме да бидат мали (како амерички палачинки), чекаме добро да се запечат од едната страна и ги превртуваме на другата страна, кога ќе бидат добро испечени од двете страни ги вадиме и се повторува истата постапка додека не се потроши смесата.
3. Така подготвените интегрални мини-палачинки ги сервираме и може да се јадат со сосови по ваш избор, јас најчесто ги јадам со ајвар, сирење, маслинки, но може да се јадат и благи со мармалад или џем. Се надевам ќе Ви се допадне овој рецепт, очекувам ваши коментари!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови