Жу жу погача
Во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги соединуваме солта, маслото, јајцето, втасаниот квасец и јогуртот.
Промешуваме и постепено додаваме од брашното.
Замесуваме нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме на 4 топки.
Секоја топка ја расукуваме во коричка.
Три корички ги премачкуваме со путерот и ги редиме една врз друга.
Најгорната кора не ја премачкуваме.
Од сите 4 кори сучиме една поголема кора.
Ја сечеме на коцки.
Коцките ги расфрламе во тавче бр 24 во кое сме ставиле хартија за печење.
Оставаме околу 20 минути да кисни, па премачкуваме со изматено јајце и наросуваме сусам.
Ја печиме во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Ја вадиме на решетка да се подизлади, па ја послужуваме со јогурт.