Секогаш кога ги пишувам рецептите гледам да не претерувам со фалбите, ама друг начин не постои за да ви ги доловам интересните вкусови кои се добиваат со пробување на нешто ново и несекојдневно. Така оваа моја торта во целост си го заслужи своето жешко име со секое залче во устата ти дава една исклучителна вкусна топлина...пробајте нема да ве разочара.
Подготовка

Теста
Белките ги оделуваме од жолчките на почеток нив ги матиме додека не добиеме густа пена. Пополека лажица по лажица го додаваме шеќерот константно матејќи.
Додадете го оцетот, кокосот и накрај со шпатула вмешајте го брашното.
Печете во тавче со бр.28 кое предходно ви е премачкано или обложено со хартија.
Истата постапка ја повторуваме со подготовка на останатите две кори.
Но овој пат ставате во второто тесто ореви додека во третото растопувате чоколада.
Секое тесто го печете на 180степени околу 30 мин.

Филови
Густинот и шеќерот измешајте го 200мл.ладно млеко останатото ставете го на шпорет да се загрева.Во загреаното млеко со константно мешање додадете го густинот додека не добиете убав густ крем-оставете го покриен со стреч хартија да се излади.
Жолчките и шеќерот згответе ги на пареа додека не добиете крем-оставете да се изладат.
Путерот изматете го пенасто и додадете го во кремот со жолчки.
Двете ладни креми тој со густин и жолчки спојте ги матејќи со миксер.
Поделете го филот на три еднакви дела во едниот ставете го кокосот во вториот оревите и на третиот фил додадете растопена чоколада и пастата со чили пиперчиња.

Филување
Кора од кокос-фил со кокос
Кора од ореви-фил со ореви
Кора со чоколада фил со чоколада и паста од чили пиперчиња.
Филувате со мал дел од филовите кои ќе во останат(оставете си од секој фил по една лажица)и матена слатка павлака или по желба.

Забелешка
Во филот со чоколада доколку немате јак концентрат на чили паста ставете си чили во прав. Пастата е концентрат кој го добив од пријатели од Америка се става многу малку на врв на мало лажиче доволно колку да ви ги разбуди сетилата и да добиете убав вкус нешто слично кога ќе јадете ментол лути бомбони но далеку по вкусно чоколадото има многу многу по јак вкус.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани