Од оваа количина на состојки може да се направи една голема векна или 2 помали, во долгнавести калапи за леб.
Мене ми е попрактично да подготвам 2.
Прво во млакото млеко ставаме квасец, шеќер и лажиче брашно.
Оставаме да се активира.
Во вангличка ги ставаме активираниот квасец, сол, остаток на шеќер, ванила, цимет, јајце, растопен путер и масло.
Промешуваме со вилушка, да се спојат состојките.
Ја додаваме и тиквата и промешуваме.
Постепено додваме брашно и замесуваме мазно, нелепливо тесто.
Го покриваме со чиста крпа и оставме да се дуплира.
За тоа врем го подготвуваме филот.
Во касерола на оган ставаме млеко и шеќер,
Оставаме да проврие 1 минута.
Тргаме на страна, па го додаваме рогачот.
Додаваме и мармалад и убаво се соединуваме.
Оставаме да се излади, па го додаваме благо матениот снег од белка.
Соединуваме.
Сега од тестото сучиме правоаголна кора, која ја премачкуваме со подготвениот фил.
Виткаме ролат.
Го поставуваме во калап обложен со хартија за печење.
Премачкуваме со жолчка и оставаме да втаса околу 20 минути.
Јас најгоре посипав со кафен шеќер.
Може да се нароси со шеќер во прав после печењето.
Печиме во загреана рерна на 180 с, околу 35-40 минути.
Векната, есенската убавица ја оставме на решетка да се излади.
Потоа сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани