Рецептов го најдов на интернет и малку го прилагодив. Испадна многу убава и сочна чоколадна торта, но сепак едноставна за подготовка. За рецептот користев чаша од 200 мл.

Подготовка на пандишпанот

1. Рерната ја загреваме на 180 степени. И го спремаме плехчето го премачкуваме со масло и посипуваме брашно.
2. Млекото и лимоновиот сок се комбинираат во чаша и се остава некоја минута да се згусне.
3. Се мешаат сувите состојки брашно, шеќер, какао, сода, пециво. Па се додаваат јајцата, кафето, млекото, маслото и ванилата. Се бие на средна брзина 2 минути колку да се соедини смесата и се истура во плехчето. Се става да се печи околу 30-40 минути. Проверете со чепкалка дали е печно.

Подготовка на филот

Пудингот се спрема на вообичаениот начин, па додека е жежок се додава една лажица путер. Се остава 5 минути да се излади и жежок се истура врз жешкиот пандишпан кој е избоцкан со вилушка.

Се остава околу 30-тина минути да се излади па се прелева со чоколадниот прелив кој се подготвува на следниов начин:
Сите состојки се ставаат во тенџере на оган, да се растопат и да се изедначи смесата, па се прелева врз филот.

Оставете ја неколку часа во фрижидер, а потоа уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови