Едноставен колач со портокал и прелив
- Измелете ги оревите
- Изрендајте ја на ситната страна од рендето кората од портокалот, потоа исцедете го сокот од истиот
- Одделете ги белките од жолчките
- Измешајте ги брашното, пецивото и оревите
- Со миксер пенесто изработете ги белките со прстофат сол во снег - шам
- Со миксер изработете го путерот со шеќерот пенесто, постепено додавајте една по една жолчките. Добро изматете, додадете го сокот од портокалот и ренданата кора, млекото и работете со миксерот се додека смесата не нарасне односно да стане добро пенеста. Исклучете миксерот и сега додавајте наизменично од мешавината од брашното и белката. Ова најдобро да го мешате со лажица која има дупка на средината.
- Добиената смеса ставете ја модла бр.26 најмногу до 28 бр. која сте ја подмачкале со путер и побрашниле сосема малку или покријте со хартија за печење.
Ставете да се пече околу 25-30 мин. во претходно загреана рерна на 180 степени, сепак зависно од рерната. Проверете со познатиот начин - чепкалка. Исклучете ја рерната и така додека е топол залијте го со притовениот прелив - сируп, вратете во рерната и нека стои додека не го впие сирупот и одозгора да добие глазура.
Додека се пече пригответе го преливот
ПРЕЛИВ
Изрендајте ја кората од портокалот, исцедете го сокот, додадете го шеќерот и со лажица мешајте да се стопи шеќерот.
НАПОМЕНА
Доколку се помали портокалите, проценете сами, може да искористите сокот од 2 портокала. Секако ќе додадете и малку повеќе шеќер. Оценете сами.
Лиценца: Сите права се задржани