Вафли со фил од слатка павлака
Во голем сад измешајте брашно, сол, прашок за пециво и шеќер (сувите состојки). Во тоа време загрејте го тостерот за вафли на саканата температура.
Во посебен сад измешајте ги јајцата. Промешајте со млекото, маслото и ванилата. Истурете ја смесата од млеко во мешавината со брашното. Промешајте многу добро со миксер додека не се добие хомогена смеса. Со помош на кутлача измерете малку тесто, колку да се прелее калапот на тостерот. Печете додека вафлите не добијат златна боја.
Подготовка на филот
Во сад за матење ја подготвуваме слатката павлака.. Од како убаво ќе ни се измати го додаваме баделот, кондензираното млеко и џемот од шумско овошје.
Декорираме по желба...на здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани