Вака спреманиот булгур е повеќе од добар, послужете со тврдо сирење, а не беше лошо прилог и копанче
Значи вака
- На маслиново масло кратко пропржете го морковот исечен на кругчиња, додајте го младиот кромид, кратко време уште пржете по што ќе го додадете измиениот и исцеден булгур. Промешајте ја содржината иа додадете ја топлата вода, мешан сув зачин, биберот и нека се на тивок оган вари околу 10-15 минути.
- На крајот измешајте ги подпечениот сусам и грубо исечениот лешник, магданосот и соја сосот. Поклопете и тргнете од огнот.

Забелешка
- Јас заборавив да го додадам магданосот кој си остана да си стои настрана, откако се најадов само вака спреман без додаток, тогаш се сетив за магданосот. Соја сос имаше едвај мало лажиче, целото ова не сметаше на вкусот, на мене и така ми беше убаво. На останатите послушено со копанче, без коментар си јадеа и изедоа. Ништо во тањирите на остана што секако потврдува дека им се бендисало.
Уживајте...
За нутритивната вредност на вака спремениот булгур неможам да зборува бидејки не сум компентента за тоа, а не можам да кажам дека не знам, знам по нешто затоа и се наоѓа на моето мен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани