Брза Торта со бисквити и слатка павлака (без печење)
Побрза и полесна торта за правење верувам дека нема....без печење и спремање на филови, а сепак превкусна за јадење.
Најпрво ја матиме слатката павлака, потоа во млакото млеко во кое го додаваме чоколадото во прав, ги брцнуваме бисквитите една по една, ги редиме во некој дискус исправени една до друга, премачкани со слатката павлака и ги залепуваме една со друга. Одозгора филуваме со слатката павлака и декорираме со растопено чоколадо. Ја оставаме тортата во фрижидер неколку часа додека да омекнат бисквитите, па сечеме - накосо и уживаме во неодоливиот вкус на оваа торта.
Забелешка -
Доколку сакате можете да додадете сецкани бананчиња или ресани во слатката павлака за побогат вкус.
Истотака, ако сакате покремаст вкус можете изматената слатка павлака да ја соедините со претходно изматени 3 јајца со 6г.л шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови