
Босанско кафе
Суровото кафе се пече секој ден во посебен сад на жар.Садот мора постојано да се врти над жарот и кога кафето ке се ороси со маснотија,се истура на чиста платнена крпа и се покрива.Печеното кафе се меле на рачна мелница пред да се употреби.Кафето се вари во ѓезве на жар. Во ѓезвето се тура толку филџани вода колку што има лица и кога водата ке зоврие,се префрлаат неколку лажици вода во филџан ,а во ѓезвето се додаваат толку лажички мелено кафе колку што има филџани вода. Кафето и водата се промешува и ѓезвето повторно се става на жарта.Кога кефето ке се дигне тоа е знак дека е варено.Ѓезвето се тргнува од жарта,се додава одземената вода,се промеѓува и пак се става на жарта,кафето уште еднаш да се дигне. Вака сварено, кафето се налева во филџани и се служи.
Со кафето се служат шекер во коцки,чаша вода,лажичка и локум.
Гостите сами си го засладуваат кафето.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови