Бомбици со портокал и бело чоколадо
Најпрво го правиме шербетот, односно на 200 мл вода јас додавам обично 150 грама шеќер, и откако ќе зоврие ќе го оставиме да се олади.
Бисквите ги мелеме, ги додаваме маргаринот и оладениот шербет, и месиме додека не добиеме убава смеса. Со ситниот дел од рендето ја рендата кората од двата портокали, и повторно месиме.
Од така добиената смеса, правиме топчиња и ги ставаме во замрзнувач додека да се здрват убаво.
На оган во сад на пареа, ако немате јас ставам едно поголемо метално чинивче со вода и помало во кое ги ставам маслото и чоколадотои така ги топам.
Додека се замрзнати бомбиците ги потопувам во растопеното чоколадо, оти така стануваат поубави.
Откако ги поливаме со чоколадото, јас ги украсив со стапчиња за ражничи, ставив цветчиња кои сама ги изработив дома од фондан, исто и панделчињата се домашна изработка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови