10
ное
2019
Блага салама со крекери, ореви и суви сливи
Крекерите рипчиња не се многу солени, може да ги искористиме за нешто благо.
Крекерите издробете ги со рака. Оревите и сливите исечете ги со нож.
Чоколадото за готвење растопете го и додадете маргарин, млеко, ореви, суви сливи, крекери и ванила. Се' промешајте.
Смесата истурете ја во фолија и со помош на фолијата направете салама.
Ставете во фрижидер да се стегне.
Стегнатата салама наросете ја со шеќер во прав.
Добар апетит!