- Загрејте го млекото до млако и во него ставете го квасецот да се раствори.
- Изрендајте ја кората на портокалот или лимонот
- Пресејте брашното и во него додадете го шеќерот. Ренданата кора од лимонот или портакалот со тоа што ќе одвоите од истата околу 1 лажичка. Додадете го и ладниот путер кој сте го исецкале на помали коцки и јајцето кое лесно претходно ќе го сматите со вилушка. Замесете меко тесто и месете додека да се путерот спои целосно во тестото. Ќе добиете фино меко тесто. Оставете да стаса на собна температура околу 1 час.. да го удвои обемот.
- Стасаното тесто истресете го на лесно побрашнета работна површина и со рака прво растегнете, потоа со сукало расукајте правоаголна кора. Премачкајте ја со маслото кое ќе го разнесете по целата кора со четка, потоа замотајте во ролат кој вака замотан уште малку валкајте и тегнете го на работната површина. Замотајте во полжав, пренесете на хартија за печење, ставете во модлата во која ќе печете. Покријте и оставете да стаса. Премачкајте со разматеното јајце во кое сте ја додале оставената рендана кора од лимон или портокал.
- Ставете нека се пече во претходно загреана рерна на 175 степени или со вентилатор на 175 степени - печете околу 30 мин. (зависи од рерната)
- Оставете ја малку да олади, па потоа послужете се... тестото меко, мирисно... вкусот потсетува на бриошите.
Напомена
- Што и да ставите дали портокал или лимон - секако е убава. Јас ставив лимонова кора.
- Вака замотана во форма на полжав ми е најлесно и секогаш ги печам погачите во плекот од рерната.
- При мотањето не оставајте мегу тестото да има размак - да не се залепени круговите тесто едно до друго за да има простор при нараснувањето.
- Поради нетрпението на тие околу мене - оваа погача е кршена и сечена топла,затоа пресекот таков... но верувајте дека е како пенесто...толку меко тесто е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани