Блага пита со шербет од мандарини
Ви предложувам вкусна-вкусна пита со шербет од мандарини, која што уште истиот ден беше потрошена од гостите и моите домашни. Верувам да ова значи дека е постигнат врвен квалитет на оваа пита. Пробајте да ја припремете да се уверите.
1. Фил. Ги матиме со миксер јајцта, шеќерот и ванилинот. Ги додаваме јогуртот, пецивото и 200 мл масло и ги промешуваме со лажица.
2. Првата кора ја попрскуваме со малку масло, врз неа ставаме уште една кора и исто така ја попрскуваме со масло и нанесуваме со лажица од филот. Од двете спротивни страни почнуваме да набираме кората кон средината додека на добиеме долгнавесна форма со широчина од околу 6-8 см. Ја свиткуваме во форма на полжав и ја ставаме на тава број 34 намрсена со путер.
3. На истиот начин ги подготвуваме сите форми. Со лажица ги преливаме со преостанатиот фил и ги печеме 30 минути на 180 степени.
4. Шербет. Водата и шеќерот ги зовриваме и додаваме исцеден сок од мандарините. Шербетот го вариме 10-тина минути и оставаме да се подизлади.
5. Со шербетот ги поливаме изладената пита и оставаме да го впие шербетот и да се излади.
Доколку сакате во филот може да изрендате кора од мандарина.
Лиценца: Сите права се задржани