
6
дек
2015
Баклава со урми
1. Се земаат две до три кори, првата се попрскува со масло и втората (или третата) со масло и се наросува со гриз.
2. Во секоја урма ставаме сецкани ореви на местото на семката. И на почетокот на кората се редат урмите, една до една, потоа ги виткаме во ролат.
3. Ролатите ги засекуваме на парчиња, ги премачкуваме со растопен маргарин и баклавата ја печеме додека убаво се зарумени.
4. Го вариме шербетот и ја прелеваме баклавата со топлиот шербет, но и баклавата треба да биде топла.
Лиценца: Сите права се задржани