Јагодите убаво измиете ги и исчистете ги.
Моите беа ситни, па ги оставив цели.
Во садот во кој што ќе го варите џемот ставете ги јагодите, потурете со сок од лимон и посипете ги со шеќерите.
Оставете да преноќат на ладно или во фрижидер.
Џемот се вари на средно силен оган околу половина час откако ќе зоврие со постојано мешање.
Се собира во топли тегли и се остава да се олади.
Ладниот џем се чува во фрижидер бидејки нема никакви конзерванси.
Џемов е превкусен и воопшто не го губи вкусот на јагода, а за мирисот е многу интензивен и преубав.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови